Христијан Мицкоски истакна:

-Па ние тоа го зборувавме, јас лично тоа го зборував дека се подготвува зголемување на цената на дериватите за 3,5 денари или т.н зелен данок, уште данок на крв да ни воведат и ќе бидат комплетни да не вратат неколку десетлетија наназад. Шегата на страна, народот навистина тешко живее, а она што е уште пострашно за мене е што напротив наместо да имаме олеснување за граѓаните и поддршка на граѓаните и стопанството, ние имаме дополнително отежнување и дополнителен арач кој што го вметнува оваа Влада, за да ги покрие своите непродуктивни трошења, бидејќи не знаат да соберат повеќе пари во буџетот, а за тоа треба развиена економија каква што нашата не е, тогаш единственото нешто што им останува е удри по народот и удри по бизнисот, а тоа што ќе го собереме ќе го трошиме за нашите луксузирања и би рекол непродуктивни трошења на криминал и пљачка кои што се случуваат изминатите четири години. Така што, тоа го најавивме и тоа се случува, покачена цена на електрична енергија, покачена цена на акциза, поради лошите и погрешни и криминални политики на оваа Влада предводена од Зоран Заев и СДСМ