Како што соопшти Кабинетот на Битиќи, за време на работната посета вицепремиерот ќе оствари средби со претставници од политичкиот и економскиот живот во земјата, при што ќе бидат презентирани можностите и предностите за инвестирање во Република Македонија пред швајцарски компании и ќе бидат разменети искуства во однос на развојот на старт-ап еко-системот.