Тоа не е обединување, тоа е предавство и тоа требаше некој да го мисли пред да го договора. Затоа што ние не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните промена на Устав, не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните потпишување на капитулација и предавство. Тој што тоа го потпишуваше треба да знае дека нема услови тоа да го испорача, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени, после свечената божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.
Мицкоски истакна дека уставните измени се еден од тие моменти кои внесуваат раздор помеѓу македонскиот народ кој е мудар и ако се погледнат сите мерења на јавното мислење се гледа дека огромно мнозинство, повеќе од три четвртини се противат на таквиот чин.
– Тоа што јас како човек можам да кажам е да бидеме чесни и да се обединиме околу чесноста кон граѓаните која ќе ја рефлектираме, а за тоа ни се потребни брзи предвремени парламентарни избори на кои секој од нас ќе излезе со своја програма, со свој начин на решавање на овој проблем, па граѓаните се тие кои се суверен и тие нека одлучат како ќе го решат. Проблемот го имаме, ни го донесе оваа влада на ДУИ и СДС и ние треба да го решаваме тој проблем ако сакаме да одиме напред и да обезбедиме онаква држава каква што заслужуваат нашите граѓани, потенцираше Мицкоски.