Мицкоски потенцираше дека во овој момент Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема никаков легимитет, поради тоа што истата брои само 59 пратеници, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кој во овој момент има 60 пратеници. Тој додава дека можеби ВМРО-ДПМНЕ не формирал парламентарно мнозинство поради едниот пратеник кој мистериозно исчезнал на денот на гласање, но истовремено СДСМ има 59 пратеници и тоа значи дека нема легитимитет да ја води државата и да се нарекува власт.
“За да имате целосен легитимитет во Собранието на Република Македонија, потребно е да имате 61 пратеник, односно мнозинство во парламентот. Тоа СДСМ и ДУИ во овој момент го немаат, бидејќи пратеникот Реџепи се уште не знаеме на чива страна е и кого тој всушност поддржува. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За обнова на Македонија” има 60 потврдени пратеници кои што се повеќе од оние 59 на СДСМ. Тоа значи дека Зоран Заев треба да размисли за легитимитетот на оваа Влада и дали истата е одржлива или се потребни нови парламентарни избори”, вели Мицкоски.
Мицкоски истакна дека СДСМ и Зоран Заев по завршувањето на локалните избори се во тотално бунило и овие потези кои што ги демонстрираат се само знак на немоќ и безидејност.
Тој додава дека залудни се сите политички извлекувања кои СДСМ и ДУИ ги подготвуваат и спроведуваат, бидејќи одговорност мора да има. Република Македонија мора да биде во рацете на искусни, чесни и политичари со кредибилитет, а не со брдо криминали на својот грб како оние на моменталната гарнитура на власт, заврши Мицкоски.