Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа беше во посета на Битола, во однос на работата на локалната власт во градот, но и предлозите за градоначалници на СДСМ, истакна дека СДСМ предложува стари имиња и корумпирани градоначалници.
Кој и да биде кандидатот на СДСМ во Битола тој нема што да понуди, затоа што видовте 31 име, стари имиња кои ги предложија, нема нешто ново. Заборавија на старите ветувања, за сега да видиме дека даваат нови ветувања. Жалам што владеачкото мнозинство не успеа да магнетизира нови луѓе и на локално ниво, а се потпираат на старите корумпирани градоначалници – истакна Мицкоски.
Тој посочи дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ излегува со сосема нови имиња. Како што најави Мицкоски, повеќе од 95% од имињата односно кандидати за градоначалници ќе бидат кои прв пат ќе ја бараат довербата на граѓаните и ќе бидат луѓе кои ќе работат чесно.
Процесот на реформа во ВМРО-ДПМНЕ заврши, почнуваме со реформа во Македонија, која тоа го заслужува. За мене патриотизмот во 21. век се луѓе кои ќе работат чесно и честито – порача Мицкоски.