За нив претставува и тоа е навистина значаен сегмент од нивниот живот, но и за нас преставува посебен и значаен сегмент бидејќи го реализираме тоа што сме го ветиле пред граѓаните, овдека пред битолчани. Градоначалникот кажа дека во изминативе четири години близу 800-тини предмети се решени, а сега за помалку од два месеци имаме веќе 1.000 кои што во периодот што следи како акти ќе бидат дистрибуирани до битолчани, изјави денеска за медиумите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека навистина е пресреќен што може да ги види среќните лица на тие домаќини и домаќинки кои што го добиваат Решението за легализација на нивното живеалиште.

– Втората тема за која што сакам да зборувам, а тоа е катастрофалната состојба во електроенергетскиот сектор во Македонија, нешто за што зборувавме овдека во неколку наврати во Битола, и најавата од менаџментот и раководството не само во РЕК Битола туку и во поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ дека без никаков критериум, без никаква методологија претпоставувам дека тоа ќе биде уште еден партиски реваншизам на Васко Ковачевски и групата околу него кон политичките неистомисленици според нив да бркаат луѓе да ги праќаат на принуден одмор затоа што тие не успеале добро да го менаџираат комбинатот. Односно да постојат основани сомневања дека се злоупотребуваат јавните набавки и на тој начин владее криминал и корупција во самото поранешно ЕЛЕМ, а денешно ЕСМ, појасни Мицкоски.

Тој додаде дека овие основани сомневања во низа наврати ги презентирале во јавноста, и дека сега овде пред РЕК Битола да биде јасен и концизен упати неколку пораки.

– Првата порака е до вработените во поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го затвора РЕК Битола, туку напротив да вложува во негова модернизација, и подобрување на еколошките перформанси кога станува збор за заштитата на животната средина и почистиот воздух. Така што нема да има партиски подобни или неподобни туку ќе има работници кои што си ја вршат работата и работници кои што не си ја вршат работата, да бидат сигурни и безбедни тие и нивните семејства дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера кон никого да се реваншира и никого да брка од комбинатот, туку планира профитабилно да го води исто така како што го остави во 2017-тата година со милијарда ипол денари депозити, со повеќе од 350 милиони денари на сметката, со нула долгови, комбинат кој што во тоа време произведуваше, а за жал сега се послабо произведува односно речиси ич. И втората работа е до раководството на РЕК Битола и поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ за ова што го правите ќе има одговорност. Следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност за ова што го правите изминативе 4 години а посебно што сега си играте со човечки судбини, со човечки животи во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божиќ, да луѓето, семејствата стрепат и се плашат дали ќе имаат достоинствена трпеза, или нема да имаат и тоа е резултат на лошото менаџирање односно основаните сомнежи кои постојат за криминалот што се случува во поранешно ЕЛЕМ, а денешно ЕСМ. Би сакал да бидам јасен и прецизен и ќе повторам идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го стави катанецот на РЕК Битола, напротив има намера да вложи во негова модернизација и подобрување на еколошките перформанси на самиот комбинат секое место, секоја човечка судбина, секој човечки живот за нас е многу важен и ние ќе се бориме за секое едно работно место, дециден е Мицкоски.