Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК Драган Ковачки од денес ќе биде во дводневна посета на Швајцарија.

-Посетата ќе започне во Женева со конференција со задграничните комитети каде ќе се разговара за состојбите во Македонија, статусот на дијаспората и потребата за јакнење на врските со македонските иселеници, информираат од партијата.

Истиот ден ќе се одржи и трибина во Лозана каде ќе се збори за идните планови за развој на Македонија и потребата за градење на заедништво со дијаспората и промени на актуелните состојби во Македонија.

Утре ќе ја посети македонската црква во Тринген, а потоа ќе се оддржи трибина со македонската дијаспора во Тринген.