Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширување на позитивната листа на бесплатни лекови, која постојано ќе се ажурира, затоа што граѓаните заслужуваат најдобра услуга, велат од партијата.

-Платформата за здравствената иднина предвидува комплетна трансформација на здравството и спроведување на регионализација што е предуслов за добивање на квалитетни здравствени услуги, затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на стратегија за регионализација на болниците. Штипскиот клинички центар ќе биде една од тие регионални болници, се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе имплементира Национална стратегија која ќе предвидува нов начин на водење на кадровска политика, преку современа и континуирана медицинска едукација, но и современа инфраструктура.

Довебрата во здравствениот систем мора да биде вратена. Граѓаните мора да имаат квалитетна здравствена заштита и систем.