Додаде дека во Романија кога гори болница паѓа влада, додека кај нас власта убедува дека е виновен кабелот.

-Во Романија, земја членка на ЕУ, кога гори болница паѓа влада, поднесуваат оставки и не ги убедуваат граѓаните дека 14 луѓе како кај нас во болница во Тетово изгореа затоа што кабелот не чинеше, истакна Мицкоски.

Мицкоски од Валандово му даде европски совет на Заев, порачувајќи му дека во Европската Унија нема премиери аболицирани за криминал, во ЕУ нема батиња кои садат плантажи со марихуана, како и дека во ЕУ има одговорност за секого, додека кај нас нема одговорност за никого.

-Европска вредност ли е да сме најкорумпираната држава во Европа? Европска вредност ли е половина милион граѓани да живеат со само 150 денари?Европска вредност ли е криминалците наместо во затвор, да се на слики со премиерот и министерот за полиција, праша Мицкоски.