Во кампањата „Промените се случуваат секогаш со народот“ продолжуваме на терен да вршиме обиколка на проектите кои што ги реализираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната посета во општина Илинден.

-Александар зборуваше за градежната офанзива што се случува овде во Илинден, проекти во вредност од повеќе од 60 милиони денари, кои што имаат за цел да го подобрат комфорот и квалитетот на животот на граѓаните овде во Илинден.

Ценам ако вака се продолжи насекаде буквално целата онаа доверба која што ја добивме од граѓаните на локалните избори ќе почнеме да ја оправдуваме, и јас можам да констатирам дека овие први пет месеци првиот впечаток е одличен. Тоа кое што е ветувано, тоа и е започнато да се реализира, дури и повеќе од тоа што е ветувано за овој период од мандатот на новите градоначалници, рече Мицкоски и додаде:

„Јас можам да им посакам добро здравје пред се, затоа што само здрави луѓе можат да направат и да продолжат со реализација на проектите кои што ги ветувале и кои што заедно ги ветуваме пред граѓаните за време на кампањата, бидејќи следуваат предвремени парламентарни избори и граѓаните во Македонија треба да ја дадат довербата на оние на кои што можат да се потпрат, на оние кои што можат да донесат промени, а не на овие криминални и корумпирани политичари кои што еве скоро пет години ја пустошат и уназадуваат Македонија.

Ние сме за проекти, за комфорот, за напредок, ние сме за промени и тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ го нуди на граѓаните, останатото е криминал, корупција, безидејност и не работа, и тоа граѓаните наскоро од денеска ќе го пратат во историја“.