Исклучително значаен момент за жителите на Кочани. Како што кажа градоначалникот ваква работа се случува еднаш во неколку децении. Со ова ќе се намалат драстично техничките загуби во самиот цевковод, а жителите на Кочани ќе добијат поквалитетна вода која што е од особено значење за нивното функционирање. Еве и јас ја користам приликата да им се извинам што во текот на вчерашниот ден е излезено надвор од планираното време при спојувањето и снабдувањето со вода, изјави денеска при посетата на Општина Кочани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Посочи дека како што кажал и градоначалникот во исклучително тешки временски услови изведувачот на активностите успеа во рамките на своите можности, би рекол како инженер, во рекордно време да го заврши тоа преспојување.

-Но и самата изведба бидејќи тука бевме на почетокот на активностите некаде во декември месец, сега сме април и можеме да кажеме дека за помалку од 4 месеци е изведена целата траса и сите технички технолошки зафати кои се неопходни за да се добие нова функционална целина. Општината исто така во делот на административните работи беспрекорно ги завршува своите активности и очекувам и понатаму да се продолжи со реконструкција на водоводниот систем. Зборувавме и со градоначалникот и со директорот, но и со останатите присутни за како да се оптимизира производството, а да се намалат трошоците за да се задржи при исклучително висока цена на енергенсите, ниската цена на водата и дури и да се намалува, нагласи Мицкоски.

Знаете дека снабдувањето со вода е регулирана дејност и убеден сум дека во најмала рака во периодов е дека нема да има покачување на цената на водата, а зошто да не и со оптимизирање на трошоците истата да се намали. Ќе повторам при исклучително висока цена на енергенсите и на електричната енергија која што овде е потребна поради пумпите кои го снабдуваат градот Кочани со вода.