За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за април, додека на Дојранското се повисоки. При тоа, нивото на Охридското езеро е за осум сантиметри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годинава, кај Преспанското е пониско за 1,81 метар и е на седум сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм), а кај Дојранското Езеро е повисоко за 2,76 метри од просекот за април.

Пониски од просечните се и водостоите на повеќето реки во земјава, но најчесто бележат благо зголемување на нивото во споредба со вчера.