Мицкоски посочува дека Св. Илија/Илинден во револуционерна и политичка смисла на зборот може да биде важен за Бугарија само како дел од нивните учебници каде се изучува правилно историјата на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и останати и нивната автентична борба за сопствена македонска држава во срцето на Балканот.

Заедничка може да биде нашата историја во географска смисла бидејќи двата народи и двете држави припаѓале и припаѓаат во географската целина балкански полуостров, но никако и политичка.
Зошто? Ако се иземе периодот од 1941-1944 кога бугарските фашисти ја окупирале територијата на денешна Македонија и биле поразени и протерани, никогаш пред, но и после тоа не сме биле во заедничка политичка и уставна држава заедно за да имаме “заедничка историја”-посочува Мицкоски.