Тринаесет активни пожари беснеат низ земјава, а неколку од нив се исклучително сериозни, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Најсериозна е ситуацијата во Кочани каде пожарот зафати неколку куќи, а населението ги напушта своите куќи поради големиот чад. 15 пожарникари со три возила од скопската Пожарна се упатуваат кон Кочани.

Сериозна е состојбата и во Старо Нагоричане каде огнот е стигнат речиси до куќите во селата Кокино и Степанце. Директорот на ЦУК Ангелов изјави дека овде дејствува и армиски хелихоптер, а со наредба на врховниот командат на АРМ, претседателот Пендаровски, помош при гаснењето на пожарите ќе даде и пешадијата на АРМ.

Состојбата како што информираше Ангелов, е сериозна и во Македонски Брод, Делчево, Валандово и во Липково.