На мое големо задоволство на покана на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со општествено одговорната компанија е денеска да бидам дел од овој свечен и преубав настан. Бидејќи кога почнувате нешто да градите тоа претставува посебно задоволство за оние кои што сето тоа го зборувале претходно, претставува посебна гордост затоа што реализирате ветување кое што сте го давале, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-За мене претставува посебна чест што сум денеска овдека присутен на почеток на изградбата на овој објект, оваа детска градинка. Објект кој што ќе значи дом за стотина дечиња понатаму. Објект кој што ќе значи нешто во кое што започнуваат најмладите во својот живот да се образуваат, да се дружат, да ги минуваат своите детски години од најраната младост. И објект кој што ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на жителите во овој дел од Кисела Вода. Уште еднашка ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот, на советниците, претседавачот на Советот, пратеникот во Собранието кој што доаѓа од Кисела Вода, за сето она кое што го прават за општината Кисела Вода. Самиот градоначалник напомена дека за месец дена од денеска најдоцна ќе се објави тендерот како што добро слушнав за изградба на уште еден ваков објект, детска градинка во населбата Расадник. Потоа тука и основното училиште кое што ќе се гради во населбата Драчево, вели Мицкоски.

„Кога сето ова ќе се заокружи доаѓаме до заклучокот дека најголемиот дел од програмата, и повеќе од тоа што беше ветувано на изборите во 2021 година од страна на градоначалникот, администрацијата на Општина Кисела Вода ќе биде реализирана и испорачана. И тоа заслужува честитки и пофалби.

И морам да кажам дека на овој начин само така треба да се продолжи да се гради Македонија. И така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните.

Уште еднаш честитo и нека е аирлија“ – посочи Мицкоски.