-Радев вели дека е едно од барањата да се вклучат Бугарите во Уставот на Македонија, што значи целата сказна нема да заврши тука. И тоа е навреда за нас и наместо да зборуваме за европски вредности ние зборуваме за национал романтични идеи. Знаете Заев даде едно интервју во кое рече дека Бугарите не се окупатори, туку администратори. Ние повикаме на протести на кои народот излезе на улица, извршивме притисок и Заев ретерираше, рече Мицкоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија има и најголема одговорност.
-За нас беспредметни и будалести се обидите на Бугарија да се асимилира македонскиот народ. Ценам дека со активностите ВМРО-ДПМНЕ придонесе да нема таков будалест договор. Преговори треба, ама не и асимилација, посочи Мицкоски.