-Некои работи ми се допаѓаат, а некои не. Ако мене ме прашате од функционален аспект, да – подобро би било административците да имаат свој простор и да не плаќаат кирија. Ако ме прашате лично дали ми се допаѓа барокот, јас сум повеќе по модернизмот и повеќе би сакал да видам модернистички градби, а не неокласицизам од други векови.Но, проблемот ни е сегашен. Имаме влада што преспа четири години и пробајте да се сетите дали заковале една шајка. Дали направиле автопат, пруга, болница, градинка, училиште, донеле некоја нова инвестиција… Нема… И тие што се донесени, се од времето на претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.
Мицкоски за „Скопје 2014“: Јас сум повеќе по модернизмот
М
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за новиот број на неделникот „Фокус“ даде свое мислење за проектот „Скопје 2014“. Вели дека тој е повеќе по модернизмот.