На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија, кај месноста Љуботенски Бачила.
На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.
Дека хероите живеат вечно денес порача и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„22 години од погибието на бранителите кај Љуботенски бачила. Хероите живеат вечно. Нивната жртва нема да биде заборавена. Слава им“ – порача Мицкоски!