-Народот ова не го заслужува, туку заслужи да се отпочнат преговори со ЕУ, бидејќи само тоа е начинот да докажеме дека сме компетативни и дека заслужуваме место на иста маса рамноправно со земјите од ЕУ, додаде Мицкоски.

Мицкоски истакна дека националните отстапки кои се на понуда од Заев и оваа влада, гледаме дека немаат крај , бидејќи и барањата на нашиот источен сосед исто така се големи и практично се резултат на авантуристичката политика која ја има нашата влада изминативе години.

– Сега има нови предлози за преговори од 6 месеци, нови разговори на ниво на комисии, но никој не ја кажува вистината, а вистината откако поинаку беше протолкувано на новиот бугарски премиер ја кажаа неколку бугарски политичари меѓу кои Џамбаски кој е најголем македономразац на Балканот и тие кажаа што лежи позади блокадата. Тоа е дека ја сметаат Македонија за втора бугарска земја и дека се додека не биде делумно или целосно усвоена бугарската резолуција ние нема да добиеме можност да почнеме преговори со ЕУ, рече Мицкоски.

Тој додаде дека се останато е авантуризам и нарушување на преговарачките позиции, колку повеќе коленичат Заев и Османи, толку поголеми ќе бидат барањата на нашиот источен сосед.

– Не е европска вредност и дипломатија ако коленичите, туку треба да покажете став и да се држите до црвените линии. Треба да работите и дома да има ниско ниво на криминал, а не да ви фаќаат по еден тон дрога како се шверцува, да може да има инвестиции, економија која оди напред, компетативно образование, реформиран здравствен систем, нагласи Мицкоски.