Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Вели дека затекнале држава во хаос, а се борат да направат ред и доследност.

-Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани. Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места, вели Мицкоски.

Истакнува дека разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно.

-Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа, додава премиерот.

Исполнуваме за секој еден човек. Државата на народот.