Кај ветената фабрика за производство на електрични автомобили во Тетово веќе пет месеци остана само камен-темелникот, пишува Ивор Мицковски.
Иако беше планирано во рок од осум недели да почнат работите за нејзина изградба, од 13 август освен лопатите на претседателот на Собранието, премиерот, министрите, директорите и партиските лидери, на парцелата за „Е-Go“ во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово нема други машини.
Јасно беше дека станува работа за опасна превара за која нашата Влада обезбеди 45 милиони €.