Почнува изградбата на фекална мрежа на улицата „Радушка“, крак 5 и крак 6  Ѓорче Петров.

Истата е во вкупна должина од 428 метри, инвестиција вредна 3.000.000 денари во која финансиски учествува и Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

 

– Една од најстарите улици во нашата општина, минатата година доби и нова атмосферска канализација во должина од 1.115 метри. Со реализација на проекти од ваква природа решаваме децениски проблеми на жителите од овој дел на Ѓорче Петров. Продолжуваме и натаму со инфраструктурни чекори во насока на подобрување на условите за живот на жителите на Ѓорче Петров, порача денеска првиот човек на општината.