Мицотакис истакна дека Грција секогаш беше активен поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан како средство за повеќе просперитна, стабилна и демократска иднина на регионот.

-По усвојувањето на Солуснката агенда во 2003 година европската перспектива беше движечка сила за реформи, демократизација и промена. Но, да бидеме искрени, исто така постоеше и замор и разочарување. 18 години е долго време. За неколку дена, Самитот ЕУ- Западен Балкан ќе се одржи во Словенија. Да не ја испуштиме можноста да го искористиме Самитот за да се направи смел чекор напред. Време е Европската унија да испорача, рече Мицотакис.