На 02.03.2023 во 20:40 часoт на регионалниот пат Валандово – Струмица, кај место викано „Бекатон“ во с.Костурино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран дале знак запирање на патничко возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, при што возилото не застанало.
Возилото продолжило да се движи кон село Костурино и кога застанало во селото од него излегле 8 лица мигранти од Сирија кои набргу биле фатени, а возачот се дал во бегство.
За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.