Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Рот ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а треба да има средби и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што најавија од собраниската прес-служба, Рот ќе има средба и со претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.