Како што јави дописникот на МИА од Софија, Маријан Маринов одби да ја открие причината за пожарот и рече дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „нанижано“ големо парче заштитна ограда за гумата до влезната врата, била пронајдена „свиткана хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“.

– Можете да замислите какво триење и искри имало, рече Михаилов. Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „рециклиран“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и допрва треба да се разјасни дали новиот е „нефабрички“