Прашан за тоа што го мотивираше да се кандидира за оваа позиција, Михајловск истакна дека главната причина е тоа што го гледа градот како триесет години пропаѓа и станува рушевина.
– Од индустриски гигант кој градеше низ светот, сега не успева да се изгради себеси, истакна Михајловски.
Додаде дека Куманово од еден рокенрол град од еден џез фестивал, се претворил во турбо фолк центар. Сепак, вели дека локал патриотизмот се уште е силен во него и затоа сака да се избори за подобар град.
– Јас иако 33 години живеам во Скопје се уште немам сменето лична карта. Го негувам тој локал патриотизам во себе, си го сакам Куманово, вели Михајловски за својот град.
Михајловски иако не живее во Куманово вели дека знае кои се главните проблеми на кумановчани.
– Куманово е претворено во една депонија, градот се гуши во сообраќаен метеж, играструктурата е на многу ниско ниво, нема доволно градинки за децата, градот е небезбеден и затруен град. Покрај тоа, градот е нечист и осиромашен и за жал најголемиот вработувач во Куманово-Авганистан пред некое време прогласи стачај. Делови од градот се во кал, некои немаат вода.Ова во 21 век на Куманово не треба да му се случува. Од економски гигант, од еден убав и безбеден град се претвори во една црна дупка полна со рушевини, објаснува Михајловски.
Целото интервју е достапно на веб сајтот на Република или на видеото подолу.