Миленковски додаде дека од СДСМ донесоа само прав и магла со празни зборови. И само тоа, зборови и само зборови! Зборуваа за политичка култура, а забораваат како истите тие со невиден восхит аплаудираа на досега невидени гестикулации на еден премиер.
-СДСМ на чело со нивниот градоначалник ја уназадија општината како за 40 години! Општината не е повеќе сервис на граѓаните, сега е сервис на бизнис интересите на една групација собрана околу него! Што добивме за овие 4 години? Колку и кои проекти ги реализираше Ладич, освен двете екстремно скапи преадапации? Ништо не реализираше! Нула нови индустриски зони, нула нови инвестиции, само еден погон за марихуана, но и тој се уште е само една мала барака! Нула вложувања во животната средина! Нула нови водоводи, во ниту едно село да не се направело нешто! Го уништија и претходно изграденото, истакна Миленковски.
Миленковски посочи дека граѓаните на општина Пробиштип заслужуваат многу повеќе!
Заслужуваат да имаат општина која ќе работи за нивните интереси и потреби! Заслужуваат да имаат општина која ќе биде отворена за нив, а не забарикадирана со не се знае колку врати.
-Јас, заедно со мојот тим, и најважно заедно со вас граѓаните, во недела, ќе ги донесеме промените во нашата општина! Одговорно, од овде, ветувам, дека после 17-ти октомври ќе имаме целосна отвореност и транспарентност на општината и јавните институции, каде што ќе преовладува квалитетот на вработениот, а не неговата политичка припадност. Општина каде нема повеќе да чекате денови, недели и месеци за документот кој ви треба, нагласи Миленковски.
Миленковски вети изградба на основата за новиот економски развој! Со формирање на нови индустриски зони, со изработка на Стратегија за локален економски план и со поволни локални економски политики ќе се привлечат нови инвеститори, со нови работни места, со поголеми плати.
-Со изградбата на патот до Пониква, ќе создадеме услови за нејзин голем туристички, но и економски развој! Во Пониква ќе бидат отворени нови работни места, наменети претежно за младите лица! Токму тоа е и вториот столб на кој ќе бидам силно посветен, задржувањето на младите, овде во своите домови, рече Миленковски.
Миленковски додаде дека третиот клучен столб за развој на општината е животната средина.
-Од ова место ветувам дека конечно, конечно експертите ќе се ангажираат за решавање на јаловишната депонија. Со знаење и издржани студии, а не само декларативно и со предизборни празни зборови. Ќе поставиме дополнителни мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот. Ќе го уредиме и кејот на Злетовска и Киселичка река. Ќе изградиме пречистителни станици за отпадни води!Ќе започнеме со поставување на подземни контејнери за да имаме чиста околина, вети Миленковски.