Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави составот со кој ќе го започне финалето од плејофот за баражот за Мундијалот 2022 против Португалија.

Во тимот се враќаат Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, на клупата ќе останат Бобан Николов и Дарко Чурлинов, кои беа стартери против Италија пред пет дена.

На „Драгао“ во почетниот состав ќе истрчаат:
голман: Столе Димитриевски
одбрана: Езѓан Алиоски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски и Висар Муслиу
среден ред: Александар Трајковски, Аријан Адеми, Енис Барди и Елиф Елмас
напад: Тихомир Костадинов и Милан Ристовски.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.