Фудбалската федерација на Македонија ќе ги награди репрезентативците со премија во висина од околу 4,5 милиони евра во случај да обезбедат пласман на Светското првенство 2022.

Оваа информација за МИА ја потврди портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски вечерва од 20:45 часот во Порто ќе го почнат финалниот дуел од плејофот за пласман на Мундијалот во Катар. Противник ќе им биде Португалија која важи за апсолутен фаворит.

Претходно, премија во висина од 500 илјади евра на фудналерите им вети премиерот Димитар Ковачевски.