Селекторот на фудбалскатата репрезентација на Македонија Благоја Милевски изјави дека утрешниот дуел против Малта можеби е и најважен за Македонија во овие квалификации. Тоа е така затоа што евентуална победа, Македонија ќе стигне со седум бодови и ќе остане во борба за пласман на ЕП 2024.
„Малта и на дуелот во Скопје покажа дека е квалитетен тим одлично организиран, борбен и не намачи многу во Скопје. Воопшто не смееме да се опуштиме. Максимално сериозно настапуваме. Ова е можеби и најважен меч за нас во овие квалификациите. Момците се свесни што ни значи овој меч, што може да ни донесе. Сакаме и по овој меч да ја задржиме позитивната атмосфера што ја имаме и по овој натпревар“, изјави Милевски на денешната прес конференција во Малта.
Милевски додаде дека сите фудбалери кои се повикани, се подготвени да го дадат максимумот, но лоша вест стигна утрово кога беше потврдено дека голманот Столе Димитриевски е повреден.
„Данокот на квалитетот на теренот во Скопје го плативме со повредата на Столе Димитриевски. Жал ми е што тој нема да може да брани, но јас имам доверба во сите кои се повикани, па така имам доверба и во Дамјан Шишковски“, додаде Милевски.