Најавената оставка на премиерот Зоран Заев ќе биде доставена во Собранието деновиве, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар, а за 10 дена веројатно ќе се избере и нова влада. Ова динамика на политичката сцена по неделните избори, но и отворените дилеми дали Заев ќе се повлече дури пред нова година вечерва ја најави владиниот партнер на Заев – лидерот на ЛДП Горан Милевски, во вестите на Сител ТВ.
Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.
Милевски потврди дека Заев и денеска на владините партнери им посочил дека не се откажува од одлуката за оставката поради лошите изборни резултатите. Притоа тој нагласи дека очекува да се зголемува владејачкотот мнозинство и тоа со пратениците на Алтернатива од која се чека одговор дали ја прифаќа ваквата понуда.