За разликата од ремито без голови против Ерменците во Скопје во четвртокот, дуелот против Исланд од првата минута ќе го почнат Стефан Спировски во средниот ред и Милан Ристовски во нападот.
Почетниот состав во избор на селекторот Милевски е: Столе Димитриевски – Стефан Ристовски (капитен), Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски – Стефан Спировски, Енис Барди, Елиф Елмас – Тихомир Костадинов, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов.
Натпреварот се игра од 18 часот на стадионот „Лаугардалсволур“, а судиската четворка од Словачка ќе ја предводи Иван Кружилак.
Петтото коло во групата Ј вечерва ќе бидеме комплетирано со дуелите меѓу Германија и Ерменија, и Романија – Лихтенштајн.