Горан Милевски, претседателот на ЛДП, дел од владината коалиција, го смета владиното разрешување на Нора Шаќири за политички чин.
„Поддршка за Нора Шаќири!
Политиката надвор од културата.
Многу непромислен чекор“ – напиша тој на својот Фејсбук профил.
Милевски, коалициониот партнер на Заев, го сподели и Фејсбук статусот на екс-директорката на театар Комедија.