– Прво се договоривме со Бујар Османи дека претходната тура на амбасадори 10 или 12 беа на број да ја претставиме пред комисијата за надворешна политика и тие да започнат да си ги заземаат своите места, но во тој период договорот беше министерот да дојде пред комисијата за надворешна политика и да ги го покаже нацрт Акцискиот план за кој што владата донесе заклучок дека го работи помеѓу Македонија и Бугарија. И министерот Османи рече во ред, нека поминат амбасадорите ќе направиме такво нешто. Но, тој не си го одржа својот збор, вели Милошоски.

Милошоски посочи дека не е проблем собраниската комисија за надворешна политика, туку дека Министерството за надворешни работи нема средства ниту за амбасадорите кои што веќе поминале на истата собраниска комисија, како и дека има забелешка што се уште владата нема назначено амбасадор за Вашингтон и Софија.

– Втора работа ги поминавме сите амбасадори, но во Министерството за надворешни работи нема пари. Проблем е што МНР е оставено со многу мал буџет, од амбасадорите кои што поминаа, помина амбасадорката за Австралија а уште не е појдена во Австралија и за тоа не е виновно Собранието, помина амбасадорот за Токио, Јапонија а уште не појден. Сакам да кажам дека МНР нема средства и тие што поминаа да ги испрати. И трето имаме една забелешка, Македонија треба да има приоритети. Ние во моментот имаме спор со Бугарија и имаме стратешки партнер како САД, а владата две, три години не може да се усогласи кој да биде македонски амбасадор во Вашингтон, а се уште не го потполнува и местото во Софија, рече Милошоски.