– Поради тоа што во јавноста има голем интерес за сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од повисоките владини структури можел да биде во тек со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот „Мафија“, јас до премиерот Заев поставив едноставно пратеничко прашање: ‘Дали вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница?‘ И да појаснам, не е од примарен интерес дали евентуалната средба Заев-Пекер била службена, неформална, во приватен дом, во работен ден или за викенд, напиша Милошоски на Фејсбук.

⚠️Бидејќи во јавноста има голем интерес околу сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од…

Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, May 11, 2021