Разговори за регионалната стабилност и билатералните односи
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска се сретна со Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент. На средбата присуствуваше и пратеничката Рашела Мизрахи.
Според информациите од собраниската прес-служба, посетата била искористена за разговори за политичките односи во регионот и перспективите на државите од Западниот Балкан во процесот на интеграција во Европската унија.
Соговорниците истакнале дека членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на регионот и Европа во целина. Дополнително, било изразено задоволство од добрите словачко-македонски билатерални односи.
Милошоски и Лексман размениле мислења и за актуелните меѓународни теми, со посебен акцент на ситуациите во Украина и Иран, со цел да се зајакне соработката и разбирањето на регионалните предизвици.
