Тој во денешната изјава од Охрид вели:

-Тука сум прво затоа што имаме со Германската фондација Конрад Аденауер еден заеднички проект во соработка во однос на локалните избори, комуникација со граѓани, развој на програми за локална самоуправа и како поуспешно и со помош на германската ЦДУ да стигнеме до подобар изборен резултат. Втората работа која што сакам да ја спомена е дека ќе го искористиме престојот тука за да направиме средби со повеќе стопанственици од туристичкиот сектор и од други сектори во Охрид кои што гледаме дека се многу погодени од работењето на владата која што не им дава приоритет, ниту пак сериозни решенија за да ја надминат оваа тешка кризна ситуација која што на Охрид асе одразува со зголемување на бројот на невработени лица

Милошоски од Охрид испрати две пораки.

-Сметаме дека ваквиот начин на запоставување на целиот Охридски регион само дополнително ја влошува економската ситуација за граѓаните на Охрид, Струга и околината и мислиме дека оваа власт и на локално и на централно ниво не е способна и не е спремна да им помогне на стопанствениците на соодветен начин и време е да има промена на власта, рече тој.