Уставот да не биде третиран како би рекол дневен ред на совет на станари. Сепак е многу побитен правен акт кој што ја демонстрира сувереноста на една држава, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.
Милошоски истакна дека најголема дилема е дали внесувањето на Бугарите во македонскиот устав е последна уцена и барања од страна на Бугарија.
Најголемата дилема е следна дали оваа уцена или барања од страна на Бугарија е последна и нема да има вакви блокади или доколку се исполни ова барање, од Бугарија ќе следуваат 9 или 10 вакви барања или уцени. Тоа треба да го расчистемие ние меѓу нас, бидејќи ако го направите овој чекор а ви следуваат уште 10 такви чекори и блокади во следните 10 години тогаш губи смисла правењето на овој чекор. Но ако се направи овој чекор а има верување заесничко, дома, билатерално, регионално, и во рамките на ЕУ дека потоа процесот ќе продолжи по основ на рационални Копенгхашки критериуми, тогаш можеме да имаме избори и да размислуваме за да понудиме решенија на кој начин би се менаџирал тој процес, смета тој.
Мислам дека е легитимно на граѓаните да им се даде шанса да дадат демократски легитимитет бидејќи овој собраниски состав нема легитимитет за тоа, и грешка е што во министерството во правда се формира работна група за нешто за што нема иницијална подготвеноста да помине во собранието, дециден е Милошоски