Русија нареди принудна евакуација на населението во привремено окупираниот Токмак, во областа Запорижја, напиша на Твитер Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи и објави видео снимка од евакуацијата.

Ова е општа евакуација. Спакувајте се и заминете, се слуша глас на војник на снимката. Жената му одговара: „Не излегувам од дома“, на што војникот повторно вели дека мора да ја напушти куќата и да му ја отвори вратата.