Настанот се случил претходниот декември кога Род Филипс, министерот за финансии си поднесе оставка заради неговото патување. Тој патувањето го нарече „глупава грешка“ откако пристигна на аеродромот во Торонто, а и се извини на граѓаните што среде пандемија решил да отиде на Карибите додека граѓаните ги почитувале мерките од Ковид-19.
За ова реагираше целиот канадски државен врв. Премиерот на Онтарио, Даг Форд, ја објави оставката на министерот за финансии кој за време на пандемија отиде на одмор на Карибите додека канадската провинција беше под карантин.
По овој случај, Владата на најнаселената провинција во Канада ги обесхрабри да патуваат во време на пандемија заради високиот број на случаи и кажа да останат дома и да избегнуваат групирања.
Кај нас во екот на пандемијата, додека на ден има по повеќе од 1000 нови случаи од корона Драги Рашковски и Љупчо Николовски, односно вториот и третиот човек во Владата на Заев не само што не се извинија туку не ни помислуваат за оставки. Реакција нема ни од државниот врв.