Аријанит Хоџа, министер за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, од септември, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, односно во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од македонската влада, пишува порталот Шќип медиа.

„Имајќи предвид дека од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби. Од шест месеци кои имаат 180 дена, само 110 дена се работни денови, отстранете ги викендите, тука и празниците од септември до февруари, така што министерството на Хоџа има дневни трошоци за кафе и храна приближно 210 евра на ден“, објави порталот Шќип медиа.

Овие податоци се добиени од буџетската транспарентност при Министерството за финансии, проект финансиран од УСАИД и ИРИ.