Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во КБ Битола, иницираше ДСЗИ да изврши вонреден инспекциски надзор во одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница Битола.

Министерството ја информира јавноста дека според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до МЗ, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до 7 месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана.

Првпат родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог. Истата била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja – состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход.

Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман.