Тимчо Муцунски во Женева на 58-та сесија на Советот за човекови права на ОН

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во Женева, каде ќе учествува на Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН).

„На оваа значајна сесија, заедно со премиери, министри за надворешни работи и високи дипломатски претставници, ќе се разгледуваат најгорливите предизвици во заштитата на човековите права на глобално ниво, при што ќе биде посветено особено внимание на регионите кои се најзагрозени,“ истакна Министерството за надворешни работи.

Билатерални средби за зајакнување на меѓународната соработка

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе реализира средби со високи функционери на ОН, како и со шефови на делегации од повеќе држави.

„Во текот на официјалните средби ќе се работи на продлабочување на меѓудржавните односи, јакнење на меѓународната соработка и афирмирање на нашата земја во глобалните процеси посветени на заштитата и промоцијата на човековите права,“ соопшти Министерството.

Ваквите средба се очекува да вродат со плод и идна меѓународна соработка. Овој настан следува по посетата на Муцунски на САД со премиерот Мицкоски.

Двојни стандарди на патот кон ЕУ, поддршка за Трамп и десни политики: Каков беше говорот на премиерот Мицкоски во Вашингтон?