Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Зуо на денешната работна средба изразиле задоволство за одличната соработка што трае со децении.

Како што соопштија од МВР, Спасовски и Џанг Зуо,потенцирале дека односите помеѓу двете земји се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување.

На средбата било нагласено дека политичките односи бележат нагорен тренд особено по интензивната размена на посети како на оперативно, така и на највисоко ниво во изминатите неколку години.