На која, како што соопшти МВР,било изразено задоволство за долгогодишната соработка меѓу министерствата и специјалните единици на двете земји кои неодамна реализираа заедничка обука во Чешка, а од чешка страна беше доделена опрема за потребите на Специјалната антитерористичка единица Тигар.
Од МВР дополнуваат дека на средбата, министерот Спасовски изразил благодарност за континуираната материјално техничката поддршка од чешката страна, со која се зајакнуваат капацитетите на Министерството за внатрешни работи и на полицијата како и за соработката во рамки на заедничкото обезбедување на јужната граница преку постојаните ротирачки контингенти полициски службеници од Чешката Република, во справувањето со миграцијата и илегалните миграциски текови.