Плеврис додаде дека по препораките, Владата ќе донесе одлуки, но сигурно е дека „ќе постојат рестриктивни мерки по празниците, за да можеме да ја следиме и контролираме пандемијата“.
Веројатноста за дополнителни мерки на почетокот на 2022 година, ја остави отворена и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашната владина седница кога рече дека нивниот план е во две фази: првата масовно тестирање пред празниците, а втората можност за дополнителни мерки по Нова година.
Објасни дека втората фаза се однесува на периодот по празниците, односно на првите седмици од 2022 година и во зависност од текот на пандемијата, на располагање се низа опции, а како пример ги спомена работа од дома, работното време на угостителските објекти и ноќните клубови, но не и затворање на училиштата и паралелно истакна дека сè ќе зависи од тогашните податоци и сè уште не е донесена никаква одлука.