Информацијата за косовските медиуми ја потврдија извори од Владата на Албин Курти, најавувајќи ја прес-конференцијата на која Витиа ќе ја објави оставката.
Витиа е кандидат за градоначалник на Приштина од редовите на владејачката партија Движење самоопределување, која ја предводи премиерот Курти.
Локалните избори во Косово ќе се одржат на 17 октомври, истиот ден како и оние во Северна Македонија.
Вршителка на должноста министер, до изборот на новиот челник на секторот здравство, ќе биде актуелната заменичка-министер, Дафина Геџа-Буњаку.