Од Министерството за правда преку соопштение реагираа на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Велат ,министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден јасно кажал дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони.
Оттаму реагираат дека најголемата опозициска партија заземала став во празно, иако партијата била информирана за сите детали од самиот почеток.
Најавите за напуштање на парламентот од страна на пратниците на ВМРО-ДПМНЕ е гест за поздравување – велат од Министерството за правда.