Голема колона автомобили вечерва има на граничниот премин Табановце. Според снимките од надзорните камери, има голема гужва за излез од Србија, а влез во Македонија.

Дел од патниците на социјалните мрежи реагираат дека колоната нема крај и дека стојат во место повеќе од два часа.

Слична е ситуацијата и на граничниот поремин Евзони, каде долги колони автомобили чекаат за излез од Грција и да продолжат кон Македонија. Колоната автомобили заглавените патници информираат дека не мрда со часови.